samsung-gearvr-2015-1-copy

Уредите за виртуелна реалност можеби немаат настап на пазарот како што на времето имаа паметните телефони, но факт е дека полека, но сигурно стануваат дел од нашиот секојдневен живот. Затоа, производителите продолжуваат да развиваат нови технологии со кои сакаат да го подобрат целото виртуелно искуство, а еден од водечките меѓу нив е Samsung.

Имено, нов патент најавува дека тие развиваат технологија за препознавање на движењето на очите и за следење на гримасите на лицето. Ова можеби на прв поглед звучи непотребно, но би можело драматично да го подобри начинот на интеракција со овие уреди. На пример, наместо користење на контролер или џојстик, корисниот ќе може да се движи низ виртуелната реалност само со очите.

samsung-patent-gear-vr-position-tracking-camera

Исто така, со оваа технологија може да се ограничи видното поле на просторот каде што корисникот гледа со очите, односно нема да има потреба од рендерирање на целата околина, што може да ја намали потребата од моќни графички картички.

Од друга страна, малку е нејасно зошто Samsung планира технологија за препознавање на гримасите на лицето, но верувам дека би можела да ги пресели истите кон ликот во играта, што би било корисно во играње онлајн игри со други играчи.

За да ги препознае движењата на очите и гримасите на лицето, Samsung користи камери во самиот уред за виртуелна реалност, во случајов Gear VR. Според тоа, може да се очекува дека технологијата не е многу далеку од пазарот и дури би можеле да ја очекуваме наредната година, веројатно во нов Gear VR.

samsung-patent-bio-sensors-gear-vr

Извор: Android Authority, Phandroid, Android Headlines

Претходна статијаПоголема слобода на копирање со помош на Clip Layer од Microsoft
Следна статијаРанливост во Firefox има овозможувано демаскирање на Tor корисниците