Скопје, 10. јануари 2017. Самсунг (Samsung) ја претстави најновата Галакси А (Galaxy A) серија телефони која се одликува со одличен дизајн, унапредена камера и функции кои ќе го поедностават секојдневниот живот на корисниците. Во Европа новата серија ќе биде достапна од февруари, и тоа во две верзии – Галакси А5 со екран од 5,2 инчи и Галакси А3 со екран од 7,7 инчи.

Самсунг секогаш се стреми да им ги обезбеди на своите потрошувачи најнапредните производи на пазарот. Најновата А серија телефони е само потврда за тоа. Со комбинација на нашиот единствен пристап и Галакси функциите кои потрошувачите ги засакаа, обезбедивме дополнителни перформанси без копромис на сметка на стилот“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател на Дивизија за Мобилна Комуникација во компанијата Самсунг.

Galaxy A се одликува со метална рамка и задна 3D стаклена страна која е инспирирана од наследниот дизајн на Самсунг премиум уредите. Со елегантните копчиња за камера и враќање во почетното мени, овој уред е покомпактен отколку досега, удобен за држење во рака и употреба. Galaxy A пристигнува во четри модерни бои: небесно сина, златен песок, сино-сива и пастелно розева.

Со новата Galaxy A серија никогаш не било поедноставно фотографирањето на посебните моменти и креирањето на трајни сеќавања, благодарение на напредената предна и задна камера. Напредната технологија на овие камери сега нуди прецизен автофокус кој и дава живописност и острина на сликата, дури и кога камерата се користи во услови на послаба осветленост.

Фотографирањето на “селфи“ фотографии никогаш не било поедноставно. Со допир на екранот, во било кој предел на неговата површина, можете да направите “селфи“ фотографија со висока резолуција. Ова е овозможено со помош на подвижното поле за активирање на камерата, а екранот можете да го користите како преден блиц за подобро осветлување на сликите. Покрај тоа, камерата на новите модели нуди поедноставен кориснички интерфејс (UX), кој им овозможува на корисниците брзо да го променат ефектите и филтрите на фотографијата. Сопствениците на новата А серија ќе може да употребуваат и специфични модули при фотографирањето, како што е модулот прилагоден за фотографирање на храна (Food Mode). Исто така, ќе можат да ја збогатуваат бојата и да го зголемуваат контрастот на одредени фотографии.

Galaxy A е дизајниран да одговори на барањата на секојдневниот живот на своите корисници. Новата серија ги вклучува и омилените функции превземени од премиум Galaxy S7 моделите:

  • За прв пат Galaxy A серијата овозможува отпорност на вода и прашина во согласност со IP68 стандардот. Galaxy A телефоните се отпорни на временски услови (дожд, песок, прашина), како и на потта на корисникот, што значи истиот можете да го носите скоро секаде.
  • Подолгото времетраење на батеријата им овозможува на корисниците подолго да останат во контакт со сите околу нив, додека брзото полнење на батеријата овозможува побрзо полнење до полн капацитет за разлика од порано. Исто така, Galaxy A е опремен со реверзибилен USB влез од типот C овозможувајќи полесно поврзување.
  • Always on Display функцијата која овозможува одредени делови од екранот да бидат секогаш вклучени му ја олеснува на корисникот проверката на клучните известувања, а притоа уредот останува во мирување, што обезбедува поголема штедливост на батеријата.
  • Зголемената меморија и поддршката на microSD картица со капацитет до 256 GB меморија им овозможува на корисниците да снимаат содржини без зголемени грижи за просторот на складирање на податоците.

Повеќе и подетални информации: http://www.samsung.com/rs/consumer/mobile-devices/smartphones/galaxy-a/galaxy-a-serie-2017/

Претходна статијаНешто повеќе за автономните возила – возилата на иднината
Следна статијаiPhone слави десет години од своето постоење